Пребарување

2024.12.15 Viaggio Apostolico ad Ajaccio - Trasferimento e Incontro con Chiesa locale

Папата Фрањо во Ајачио: Мир за целиот свет

Пред молитвата Ангел Господов во Ајачио - на крајот од средбата во катедралата со епископите, свештенството и посветените лица - Папата ги спомна конфликтите кои го крвават светот и се помоли за жртвите од циклонот што го погоди францускиот архипелаг Мајот во Индискиот Океан.

Секаде каде што има пукање и убивање - од Блискиот Исток до Европа, до Азија - сето тоа се места што ги спомна папата Фрањо во Ајачио, на крајот од претпладневниот дел од неговото 47-то апостолско патување. По обраќањето пред свештенството, посветените лица и семинаристите, Папата повторно апелираше за мир пред да ја измоли молитвата Ангел Господов.

Мир за сите земји кои гледаат на ова море, особено за Светата Земја каде што Марија го роди Исус. Мир за Палестина, за Израел, за Либан, за Сирија, за целиот Блиски Исток!

Браќа или роднини нека постигнат договор

Папата, како и секогаш, го спомна измачениот Мјанмар, а потоа повторно премина на војната меѓу Украина и Русија.

Пресвета Богородица нека се моли за долгоочекуваниот мир за украинскиот народ и рускиот народ. Тие се роднини, браќа, не знам... Но нека се договорат.

Молитва за жртвите на циклонот Чидо

На крајот, Светиот Отец ги упати своите мисли кон сите погодени од циклонот Чидо, кој го погоди францускиот архипелаг Мајот во Индискиот Океан, предизвикувајќи смрт на петнаесет лица и повеќе од 25 повредени. Со сите нив сум духовно блиско – рече папата Фрањо.

16 декември 2024, 13:54

Што е Ангел Господов

Ангел Господов е молитва која се моли три пати на ден во спомен на вечната Тајна на Овоплотување: во 6 часот наутро, точно напладне и навечер околу 18 часот, во моментот кога бие камбаната за Ангел Господов. Името Ангел Господов произлегува од првиот стих на молитвата – Ангел Господов ја поздрави Марија – која се состои од кратко читање на три едноставни текста кои се однесуваат на Овоплотувањето на Исус Христос и молење на три Радувај се Маријо. Оваа молитва ја моли Папата на плоштадот Свети Петар точно напладне во недела и за време на големите празници. Пред молењето на Ангел Господов, Папата има и еден мал наговор поврзан од дневните читања. Потоа следат поздрави до поклониците. Од Велигден па сѐ до Духовден, наместо Ангел Господов се моли Царице Небесна, која е молитва во спомен на Воскресението Христово, на крајот од истата се моли три пати Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Последниот Ангел Господов / Царице Небесна

Прочитајте сé >